SEARCH DATABASE
The Global Gender Equality Constitutional Database is a repository of gender equality related provisions in 194 constitutions from around the world. The Database was updated in partnership with the International Bar Association's Human Rights Institute (IBAHRI) and with support from the Swedish International Development Agency (SIDA) and the Government of Japan. Experience its wealth and depth of information by starting your search now.
Citizenship and Nationality
- English
Citizens of the Republic of North Macedonia have citizenship of the Republic of North Macedonia. A citizen of the Republic of North Macedonia can not be deprived of citizenship, nor can he/she be expelled from the Republic of North Macedonia. … Citizenship of the Republic of North Macedonia is regulated by law. (Art. 4)3
- Macedonian
Граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија.
На државјанин на Република Северна Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту може да биде протеран од Република Северна Македонија. ...
Државјанството на Република Северна Македонија се уредува со закон. (Член 4)
Education
- EnglishEveryone has a right to education. Education is accessible to everyone under equal conditions. Primary education is compulsory and free. (Art. 44)
- MacedonianСекој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно. (Член 44)
Education
- English…
Parents have the right and duty to provide for the nurturing and education of their children.
… (Art. 40) - Macedonian…
Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата.
… (Член 40)
Employment Rights and Protection
- EnglishThe Republic particularly protects mothers, children and minors. A person under 15 years of age cannot be employed. Minors and mothers have the right to particular protection at work. Minors may not be employed in work which is detrimental to their health or morality. (Art. 42)
- MacedonianРепубликата посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица. Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено. Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа. Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот. (Член 42)
Employment Rights and Protection
- EnglishEveryone has the right to work, to free choice of employment, protection at work and material assistance during temporary unemployment. Every job is open to all under equal conditions. Every employee has a right to appropriate remuneration. Every employee has the right to paid daily, weekly and annual leave. Employees cannot waive this right. The exercise of the rights of employees and their position are regulated by law and collective agreements. (Art. 32)
- MacedonianСекој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Oд овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. (Член 32)
Equality and Non-Discrimination
- EnglishThe Constitutional Court of the Republic of North Macedonia:
…
- protects the freedoms and rights of the individual and citizen relating to the freedom of conviction, conscience, thought and public expression of thought, political association and activity as well as to the prohibition of discrimination among citizens on the ground of sex, race, religion or national, social or political affiliation;
… (Art. 110) - MacedonianУставниот суд на Република Северна Македонија:
…
- ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
… (Член 110)
Equality and Non-Discrimination
- EnglishCitizens of the Republic of North Macedonia are equal in their freedoms and rights, regardless of sex, race, colour of skin, national and social origin, political and religious beliefs, property and social status. All citizens are equal before the Constitution and law. (Art. 9)
- MacedonianГраѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. (Член 9)
Equality and Non-Discrimination
- English
The citizens of the Republic of North Macedonia … responsible to future generations to preserve and develop everything that is valuable from the rich cultural inheritance and coexistence within North Macedonia, equal in rights and obligations towards the common good - the Republic of North Macedonia, … (Preamble)4
- Macedonian
Граѓаните на Република Северна Македонија ... одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сe што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Северна Македонија - … (Preamble)
Limitations and/or Derogations
- EnglishThe freedoms and rights of the individual and citizen can be restricted only in cases determined by the Constitution. The freedoms and rights of the individual and citizen can be restricted during states of war or emergency, in accordance with the provisions of the Constitution. The restriction of freedoms and rights cannot discriminate on grounds of sex, race, colour of skin, language, religion, national or social origin, property or social status. The restriction of freedoms and rights cannot be applied to the right to life, the interdiction of torture, inhuman and humiliating conduct and punishment, the legal determination of punishable offences and sentences, as well as to the freedom of personal conviction, conscience, thought, public expression of thought, and religious confession. (Art. 54)
- MacedonianСлободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот. Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба. Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста. (Член 54)
Marriage and Family Life
- EnglishThe Republic provides particular care and protection for the family. The legal relations in marriage, the family and cohabitation are regulated by law. Parents have the right and duty to provide for the nurturing and education of their children. Children are responsible for the care of their old and infirm parents. The Republic provides particular protection for parentless children and children without parental care. (Art. 40)
- MacedonianРепубликата му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон. Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители. Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа. (Член 40)